| четврток, 6 декември 2018 |

Во Молдавија уапсени 13 луѓе поради сомнеж дека планирале напади

Молдавската полиција денеска соопшти дека уапсила 13 луѓе под сомнеж дека припаѓаат на паравоена група, која планирала напад на Кишињев и град во северниот дел од земјата, каде живеат главно Руси, со цел да се создаде сепаратистичка република по примерот на источна Украина.

Полицијата наведува дека групата планирала напад врз државните институции во Кишињев и во градот Балта.

Шефот на полицијата истакна дека е планиран напад на затворот во Балта и ослободување на затворениците, кои би биле регрутирани за напади на приватни компании и домови на државни претставници.

Осуммина уапсени денеска се обвинети дека биле членови на паравоената група, а нивниот лидер, по потекло од источниот дел на Украина, веќе имал полициско досие.

Автономната област Придњестровје, со мнозинско руско население, во источниот дел од земјата, се обидела во 1990 година да се отцепи од Молдавија стравувајќи дека таа ќе се обедини со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top