Во соработка со Фондацијата за инвестивии на НР Кина, Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски одржа презентација пред околу 150 компании, на бизнис форумот во Пекинг.
Во своето обраќање вицепремиерот Владимир Пешевски се осврна на деталите и можностите кои ги нудат технолошко индустриските зони за потенцијалните инвеститори и на важноста за продлабочување на трговските односи со НР Кина.
-На презентацијата им ги пренесовме информациите важни за правење бизнис и добрата бизнис клима. Се одржаа и одделни средби со 15-на компании, рече вицепремиерот Владимир Пешевски, кој додаде дека се очекува дел од тие средби да резултираат со конкретни резултати во иднина.
Пешевски говореше и за посветеноста за развивање на трговските односи на Македонија со НР Кина и склучувањето на протоколот за извоз на смрзнато јагнешко месо произведено во Република Македонија во НР Кина кој беше потпишан денес во Пекинг.
-Денес директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски потпиша протокол со соодветните служби на кинеската држава за извоз на смрзнато јагнешко месо од Република Македонија со што се зголемуваат можностите за продлабочување на соработката. Убеден сум дека НР Кина како втора економија во светот и една од најбрзорастечките економии, е вистинско место да се посети сега, бидејќи како што се отвораат сега постепено кон другите пазари токму оние земји кои ќе успеат сега успешно да се презентираат и да образложат добри проекти ќе може да остварат поинтензивна соработка и тоа е нешто што го цениме и е во интерес на граѓаните на Република Македонија, изјави Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.