| четврток, 6 декември 2018 |

Терористички напад со антракс во Брисел: Целта била Владата на ЕУ и Европската комисија

Специјален бел прав е пронајден во џамија. Специјални екипи се на терен. Пожарникари и екипи за деконтаминација излегоа денеска на терен во џамија близу Европската комсија, каде е пронајден пакет со сомнителен прав, за кој како што рекоа од противпожарната служба, постои страв дека се работи за антракс, објави порталот „Репортер“.

Новинари на Ројтерс виделе десетина возила на итна помош, вклучувајќи и полиција, пред Исламскиот и културен центар во Белгија, во чиј состав се наоѓа и најголемата џамија во Брисел, која е на 200 метри од Европската комисија.

12305868_10208083049303657_872001490_n

Екипи на цивилна заштита спровела деконтаминација на теренот и на неколку луѓе од џамијата за кој бил наменет сомнителниот пакет. Лицето кое го открил правот веднаш ја информирал полицијата.

Капетанот на пожарникарската бригада, Ан Вибин изјави дека ќе биде потребно 6 часа за да се анализира пронајдениот прав кој според белгијските медиуми е пронајден во коверти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top