Почна снимањето на краткиот игран филм „Чевли“ во режија и по сценарио на Бранко Костески, соопшти продуцентската куќа „Круг филм“.
Снимањето на филмот ќе се одвива до 29 ноември на повеќе локации во Скопје.
„Чевли” е краток игран филм со жанровска одредница – драма. Протагонистот, Јован во младоста го посведочува нападот врз неговиот татко, од група на тинејџери, и немајќи храброст да се вмеша во тепачката, бега. Дејството на филмот се случува 25 години подоцна, кога таткото на Јован умира и му ги остава чевлите, највредното нешто што го поседувa, и оттогаш неговиот живот се превртува наопаку.
Актерската екипа ја сочинуваат Благој Веселинов, Диме Илиев, Роберт Ристов, Ана Костовска, Григор Јованосвки, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Стефан Петровски.
Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминка Симона Ристевска, композитор Бојан Петков, монтажер Владимир Павловски, а продуцент е Дејан Крајчевски.
Копродуцент на филмот е Факултетот за драмски уметности од Скопје, а истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Какви чевли треба да носите според хороскопскиот знак
-
Весела математика: Бројот на чевли кој го носите зборува за тоа колку години ќе живеете!
-
Секојдневните маки имаат научно објаснување: Зошто ни се одврзуваат врвките додека одиме
-
Кралицата Елизабета вработила жена која ќе ѝ ги разгазува новите чевли