| четврток, 6 декември 2018 |

Ореви се крадат на големо од тераси и подруми во Кавадарци

ореви
– Три случаи на кражба на ореви се регистрирани на подрачјето на општина  Кавадарци во текот на октомври и ноември 2015 година – информираше денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојкоска.

– Во првиот случај сторителот од подрум од куќа во Кавадарци одзел три вреќи во кои имало околу 30 килограми ореви, додека во вториот и третиот случај  сторителот од тераси од куќи во Кавадарци одзел вкупно околу 75 килограми  ореви- појасни Стојковска.

На 17 ноември, подвлече таа,  помала количина од одземените ореви била  пронајдена и вратена на оштетеното лице.

– Се преземаат мерки за расветлување на кражбите – вели  Стојковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top