На јавната сцена во Србија не се ретки случаите мажите да покажуваат агресија кон нивните партнерки.
Приказните за насилството врз познатите жени се смеат да се премолчат, тие се пример за обичните жени да го пријават насилството.
На српската естрада има бројни случаи на насилство врз жените во кои главните актерки се познати мажи.
Владимир Станојевиќ – Водителот во февруари оваа година ја претепал својата сопруга, фитнес првенката Ана Марија Жујовиќ. Ана Марија фотографијата од лицето полно со модринки ја псоделила на Фејсбук со коментар: „Не сум Ријана но ни ти не си Крис Браун“. Истрагата против Станојевиќ е се уште во тек.
Слоба Васиќ – Ѕвездата на Гранд бил насилен врз сега веќе екс свршеницата Валентина Вучиќевиќ кога ја скубел за косата, а потоа и ја удирал. Овој немил настан се случил во еден ноќен клуб во Црна Гора, по жестока расправија помеѓу Слоба и Валентина.
Гаги Џогани – Пејачката Анабела Атијас, поранешната сопруга на Гаи, јавно зборуваше за насилство кое го трпела додека била во брак со Џогани. Анбела верувала дека Гаги со тек на времето ќе се смени, а за тоа и ден денес жали.
Адил Максутовиќ – Ќерката на пејачот Џеј Рамадановски, Ана го пријави сопругот Адил за ќотекот кој го добила само месец дена по породувањето. Освен тоа, Ана избегала од станот и заминала кај мајка и, по што побарала помош и од полицијата. Првото основно обвинителство во Белград предложи условна казна за Адил.
Андрија Аки Марковиќ – Учесничката во реалното шоу Парови Ружица Вељковиќ, за време на престојот во реалното шоу открила детали до нејзината врска со пејачот. Тврдела дека Аки ја тепал и малтретирал поради љубомора, но на крајот ги повлекла тужбите кои против него ги поднела.
Горан Станиќ– Балетанот ја претепал сопругата, актерката Мина Лазаревиќ. Исто така, тој во таа прилика пукал од автоматска пушка од балконот на нивниот стан. За Станиќ постои сомневање дека извршил кривично дело семејно насилство, неовластено поседување оружје и загрозување на безбедноста.
Тихомир Арсиќ – За време на последните години од бракот помеѓу пејачката Биља Крстиќ и актерот Тихомир Арсиќ во јавноста можеше да се слушне приказната дека тој често пиел и дека во алкохолизирана состојба наводно ја тепал сопругата. Овие шпекулации почнаа уште повеќе да кружат откако Биља се појавила во јавноста со голема модрица на лицето. Меѓутоа, со оглед дека ниту еден од поранешните сопружници не потврдиле што навистина се случувало помеѓу нив, ова останува на нивото на шпекулации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.