| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска фирма предизвика лоши реакции кај јавноста поради чоколадото „Северина и Игор“

Медиумите се полни со приказни  за гламурозната свадба на Северина и Игор Којиќ. Се претресуваа и најситни детали, но на социјалните мрежи се појави и една поинаква слика за целиот настан.

zvecevo-severina-igor

Станува збор за протест еден вид на отворено писмо упатено на адреса на фирмата „Звечево“ познат хрватски произведувач на чоколади.

Текстот до сега е споделен повеќе од  5300 пати, а собра и повеќе од 30 000 лајкови.

696580_severina-hrana-na-svadbi04_ff

Во текстот пишува: Читам како Звечево им подарило на Северина и Игор 600 посебно направени чоколади „Брцо и Сека“ со име „Северина и Игор“. Веќе неколку години му пишувам на Звечево, а и на сите останати фирми да донираат благи производи за да децата членовите на Здружението „Брањски пеперутки“ за да обезбедиме подароци и тие да се радуваат  за божиќните празници . За тоа немаат разбирање, но за оние кои се бањаат во пари имаат разбирање. Секако Северина е добра реклама, а нашите деца не се важни. Ми се грози од ова општество кое го создадовме. Кога децата не добиле учител, кога немаат физиотерапевт, дефектолог за тоа не пишуваат сите медиуми, но за венчавката на Северина се преполни со написи. Срамота“.

Од голем број на коментари одделивме неколку:

-Звечево имате ли вие душа? Грозен ви е маркетиншкиот потег да не им помогнете на децата а на Северина да и подарувате чоколади.

-Срамота, никогаш повеќе нема да купувам производи од Звечево.

-Сега ми е жал што некогаш сум купил ваши производи. Никогаш повеќе. Збогум Звечево.

sevenovo_819969s1-24258

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top