| четврток, 6 декември 2018 |

Војската на САД загрижена поради рускиот систем С-400

russia-S-400-air-defense-system

Одлуката на Русија во својата база во Сирија да распореди најмодерен противавионски ракетен систем С-400 предизвикува „значителна загриженост“ за американската војска, соопштија американски официјални лица.

Неименуваниот американски дипломат за Франс прес рекол дека тој систем „претставува значителна закана за секого“.

– Постои значителна загриженост и што се однесува на воздушните операции во Сирија, наведува дипломатот.

С-400 има домет од околу 400 километри што значи дека можат да продрат длабоко на турска територија или би можеле да претставуваат и потенцијална закана за авиони од коалиција, предводена од САД, наведува француската агенција.

Москва најави дека во Сирија ќе го испрати својот најмодерен противавионски ракетен систем С-400 откако во вторникот турски ловци соборија руски воен авион на турско-сириската граница. Тој систем ќе биде распореден во базата Хмејмим.

Базата се наоѓа на подрачје кое е контролирано од сириската војска, а Русија ја користи за полетување на своите бомбардери кои идат во акција на уништување на целите на ИД.

Системот е воведен во употреба во Русија од 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top