| четврток, 6 декември 2018 |

Тунис ја затвора границата со Либија

Тунис објави денеска затворање на границата со Либија во следните 15 дена. Потегот е преземеn по самоубиствениот напад вчера, во кој загинаа 12 лица од претседателската гарда во центарот на главниот град Тунис.

sirija

Одлуката на Советот за национална безбедност на Тунис влегува во сила од полноќ.

Донесено е решение и да се засилат операциите за блокирање веб-сајтови, поврзани со тероризам. Ќе бидат преземени и итни мерки за лицата кои се враќаат од зони на конфликти.

Советот за национална безбедност на Тунис објави дека идната година ќе бидат вработени дополнителни 3.000 лица во Министерството за внатрешни работи и 3.000 луѓе во армијата. Според властите, извршителите на нападот за кој презеде одговорност ИД, биле обучени во Либија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top