| четврток, 6 декември 2018 |

Велко Маркоски во Загреб, Пецаковски во Работнички

Ракометарот на Работнички Велко Маркоски, најверојатно ќе биде промовиран во нов член на тимот предводен од стратегот Веселин Вујовиќ, Загреб.

Handball European Championships 2014

Маркоски е поранешен играч на Струга, Вардар, Металург и Макс Струмица, а во Загреб би бил седмиот Македонец, по Лазаров, Јовиќ, Марковски, Стоилов, Ангеловски и Мајнов.

Испразнетото место на позицијата лев бек во Работнички, би требало да го пополни Дејан Пецаковки, кој го раскина договорот со Макс Струмица. Левиот бек од Битола имаше проблеми со повреди во последно време.

Пецаковски е поранешен играч на Вардар, Пелистер и Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top