| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ги одликуваше Спилберг и Стрејсенд

Американскиот претседател Барак Обама одликуваше 17 лица со медал за слобода, вклучувајќи ги и режисерот и продуцент Стивен Спилберг, пејачката и актерка Барбара Стрејсенд.

997767506565609e28a3f0326280117_v4_big

Тој лично им ги врачил одликувањата на церемонијата одржана во Белата куќа.

– Овде сме да им оддадеме почест на необичните луѓе – иноватори, уметници, лидери – рече Обама.

Меѓу добитиците се и брачнната двојка Емилио и Глорија Естефан, музичарот Џејмс Тејлор, соработничката на НАСА Кетрин Џонсон и други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top