Генералштабот на турските сили побарал од копнените и воено-воздухопловните сили да бидат во состојба на готовност по мерките објавени од руското Министерство за одбрана, откако беше соборен руски авион од страна на турски авион на сириската граница, објави Си-Ен-Ен Турк.
Меѓу мерките на руското МО се прекин на сите врски со Турција преку воени канали и придружба од ловци за руските бомбардери.
Рускиот ракетен брод „Москва“ исто така е во воено дежурство крај брегот на Латакија и подготвен е да уништи која било воздушна цел потенцијално опасна за руската авијација.
Весникот „Милиет“ наведува дека како одговор на овие мерки ќе биде зголемениот број турски авиони, што ќе учествуваат во операциите за уништување цели на ИД.
Постои можност и за ангажирање на американските авиони Ф-15 од базата Инџирлик во сите операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст