| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто се вели здрав како дрен?

„Здрав како дрен“ – се вели за човек кој нема никакви тегоби.

Дренките помагаат во лекувањето на грло, анемија, болести на бубрези, дијареа, хемороиди, дијабетес, па дури и од зараснување на рани.

Кај нашиот народ добро е познато значењето на билката дренка, која е популарна уште од античко време. Расте насекаде, најмногу на суво, сончево и каменита страна од листопадните шуми. Цвета во фебруари и март, а созрева од јули до октомври. Плодовите се темноцрвени со слатко-киселкаст вкус.

Содржат голема количина на природен шеќер, органска киселина, пектин, танин и исклучително многу витамин Ц. Во дренките има двојно повеќе аскорбинска киселина отколку во портокалот.

Плодовите се јадат во свежа состојба, се замрзнуваат, се сушат или се преработуваат во џем, мармелада, слатко, овошен сок.

Секој негов дел е лековит: плод, лист, кора, цвет, свежи и исушени семки. Ефикасно лекува грло, анемија, сипаници, болести на бубрези, дијареа, хемороиди, дијабетес, подобро зараснување на рани…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top