| четврток, 6 декември 2018 |

Божикни базари со ракотворби изработени од лица со Даунов синдром

Сите лица со Даунов синдром кои имаат креативен и занаетчиски потенцијал и изработуваат занаетчиски творби своите производи ќе можат да ги продаваат на Божикните базари што ги организира Центарот за Даунов синдром, а ќе се одржат на 5 и 6 декември во Скопје. Заинтересираните треба да се пријават во Центарот за даунов синдром најдоцна до 1 декември.

– Заработката од продажбата е на творците, а Центарот за Даунов синдром ќе ги покрие трошоците за изнајмување на штанд или партиципација за тие да немаат никаков трошок. Целта ни е да им помогнеме да и се претстават на македонската јавност со својот талент и да им помогнат на своите сограѓани да препознаат во нив многу повеќе од предрасудите кои ги имале до сега за лицата со Даунов синдром. Тие се рамноправни учесници во нашиот јавен живот и ваквата можност е само доказ за нивната потреба да не бидат сожалувани, туку вреднувани во категоријата на сите други занаетчии и креативци, се вели во денешното соопштение од Центарот за даунов синдром.

Овој Центар  е здружение на граѓани чија главна цел е подобрување на квалитетот на живеење на лицата со Даунов синдром и нивните семејства.
Божикните базари ќе се одржат на 5 декември во интернационалното училиште QSI и на 5 и 6 декември во центарот Јавна соба во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top