| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички и Хоризонт Турново со една нога се веќе во полуфиналето

rabotnicki-5

Екипите на Работнички и Хоризонт Турново остварија убедливи победи во првите средби од четвртфиналето на Купот на Македонија.
Актуелниот освојувач на Купот екипата на Работнички, славеше со 3-0 во Велес против Силекс и речиси се пласираше во полуфналето. Четата на Игор Ангеловски доминираше во текот на целиот натпревар, а отпорот на кратовци го скрши во второто полувреме кога Алтипармаковски со прекрасен шут од 18 метри во 55. минута донесе водство од 1-0, на 2-0 во 68. минута зголеми Илијоски, а конечниот резултат го постави Стефан Вујчиќ во 83. минута со гол од пенал.
Работнички можеше многу лесно овој натпревар да го заврши и со поубедлива предност, но капитенот Баже Илијоски не реализираше пенал во првото полувреме.

Хоризонт Турново славеше, пак, со 2-4 на гостински терен против Македонија ЃП. Турновци поведоа со голот на Стоилов во 17. минута, за домашните израмни Шајноски во 60. минута, а потоа Имери со два гола донесе предност за Хоризонт од 1-3. Божинов во 84. минута зголеми на 1-4, за да конечните 2-4 во 90. минута ги постави Мишовски.

Младост ЦД и Брегалница одиграа без победник (1-1) на дуелот во Охрид. Младост ЦД преку Цветаноски во 45. минута дојде до предност, а Стефан Ристовски израмни во 80. минута, за неизвесен реванш натпревар.

Куп на Македонија, четвртфинале:
Работнички – Силекс 3-0, Македонија ЃП – Хоризонт Т. 2-4 Младост ЦД – Брегалница 1-1.

Утре се игра последниот натпревар од првите четвртинални дуели, а на Чаир се игра големото дерби меѓу Шкендија и Вардар со почеток од 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top