| четврток, 6 декември 2018 |

Скриените таленти на пенисот

Се чини дека на пенисот има некои скриени таленти кои досега поминувале незабележано. Ви  претставуваме шест импресивни работи за кои можеби не сте знаеле дека е  способен.seksi maz

 Тие претставуваат “уред за отстранување на спермата”

Иако размислување за пенисот како нешто што служи за исфрлување на спермата, тој исто така е “програмиран” да го отстрани семето на конкуренцијата.
Знаете делот на врвот на пенисот, што е во делот на отворањето и изгледа како грпка? Додека навлегува, површина на главата на пенисот, служи за отстранување на евентуални сперматозоиди кои што не му припаѓаат нему. Нека победи посилниот?

Може ли да се преживее “обезглавување”
Пенектомија е постапка која вклучува отстранување на дел од пенисот, како и на целиот пенис (до тоа може да дојде ако постои рак на пенисот). Меѓутоа, исто како и “обезглавениот јавач”, пенисот не умира, доколку му се отсече главата. Мажите и понатаму можат да уринираат, да имаат секс и ејакулација. Ова е наведено во една студија од Бразил.

Може да предвиди како функционира мозокот на мажот

Мажите на кои пенисот  во “опуштена” состојба му виси повеќе на левата страна, а тоа е во повеќето случаи, најверојатно повеќе им е доминантна левата страна на мозокот. Поради развојот на хормони,  левата хемисфера на мозокот е исто така поврзан со доминантна десна рака, поголемо десно од лево стапало и други асиметрии на телото.
Левата  страна од мозокот, исто така, има важна улога во говорот, логика, и склоноста за математички решенија. Од друга страна, десната хемисфера на мозокот е од суштинско значење кога станува збор за просторни и визуелни информации, како и во извлекување од контекст на нечии зборови и тон.

Тие се способни да ејакулираат без ерекција
Иако ерекција и ејакулација обично одат во пакет, мажите всушност не мора да имаат ерекција за да од себе исфрлат семена течност. Карличните мускули кај мажите се грчат кога ке дојде до ејакулација, но овие мускули не се директно поврзани со процесот кој што доведува до ерекција. Така да иако е малку невообичаено, но мажот може да се „испразни“ дури и кога е во опуштена состојба.

Може да „дофрли“ и до 2.5 метри

Иако не постојат специфични анализи, една студија од 2014 година покажа дека интензитетот со кој мажот ејакулира е директно поврзани со тоа колку добро се чувствува за време на оргазам.

Се смее за време на сексот

Едно истражување навлегло малку “подлабоко” со анализа на гениталиите, па така ги снимале за време на сексуалните кативности. Кога партнерите се во мисионерската поза, пенисот се формира во “крива” која што личела на форма на насмевка.
Зошто? Па, затоа што тој бил среќен, се разбира! Можеби тоа е затоа што станува збор за најефикасен начин да се „испратат сперматозоидите на пат”, но лекарите се уште ги проверуваат тие детали …

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top