| четврток, 6 декември 2018 |

На таван пронашол слика од Пикасо вредна 12,2 милиони евра

За време на чистење на таванот на својата куќа во Њу Џерси, еден Американец пронашол 12,2 милиони евра вредна слика од шпанскиот сликар Пабло Пикасо.

151124029.1_mn

– Како дете често ја гледав оваа слика како виси на ѕидот во станот на мојата покојна тетка. По некое време ја изгубив од вид и ја немав видедно досега. Кога ја помрднав машината за шиење која се наоѓаше на таванот, сликата едноставно падна пред мене. Заплакав кога ја видов – изјави Сабатино за „Ен-би-си“.

Неговиот тетин Ники Верастро ја купил оваа слика за време на Втората светска војна. Како војник на американската војска, сликата ја купил од еден уличен продавач во Лондон за само 9 фунти.

– Бидејќи се работи за многу стара слика одлучив да ја однесам за проценка на вредноста во една аукциска куќа. Бев шокиран кога дознав колку вреди – изјави Сабатино.

Инаку, станува збор за сликата на Пикасо „Госпоѓа со шешир“ и се проценува дека вреди 12,2 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top