| четврток, 6 декември 2018 |

Препораки пред обилните врнежи

поплаваМинистерството за транспорт и врски ги повика градоначалниците и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од најавените обилни врнежи во државата.

Според УХМР, во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува да наврнат и над 40 литри  на квадратен метар. Пообилни врнежи ќе има во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег.

Координативното тело за управување со кризи упати препораки до Единиците на Локалните Самоуправи и Градоначалниците, потоа ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

Според нив, потребно е Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, како и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и МВР.

Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.

Потребно е континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, како и ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top