| четврток, 6 декември 2018 |

Напиток за рамен стомак

Освежете го организмот со овој здрав и вкусен коктел.

Состојки:

1 лажица изрендан ѓумбир

1 чешне бел лук

1 лажица јаболков оцет

1 лажица мед

една рака нане и магдонос

половина авокадо

пола шолја вода

30 грама спанаќ

Подготовка:

Добро исчистете го зеленчукот, излупете го авокоадот и исечкајте го на коцки. Прво смешајте ги сите состојки освен медот и ѓумбирот во блендер, а потоа додајте ги и нив и мешајте уште малку.

Овој здрав, природен коктел треба да го пиете наутро пред појадок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top