Вчера околу 15.20 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе на излез од с.Доброшане се случила сообраќајна незгода во која возачот К.М.(33) од Куманово управувајќи возило „пежо 207“ изгубила контрола над возилото и слетала надвор од коловозот од левата страна гледано во насока на движењето.
По незгодата, со возило на Брзата помош е пренесена во кумановската болница, а поради сериозноста на повредите препратена е во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на самото место по добиено овластување од јавен обвинител извршила увидна екипа од ПС БПС-Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.