| четврток, 6 декември 2018 |

Крејмер: Македонија има потенцијал да биде една од најсилните економии во Европа

хери

-На светот му требаат повеќе лидери базирани на вредности, а гледајќи ја насоката на „Македонија 2025“, прашањето е што е потребно да се развијат подобри лидери. Лидерството не е дестинација, туку патување и луѓето можат да бидат подобри секој ден- нагласува Крејмер.

Според него, успешен лидер се станува со фокусирање на четири принципи.

-Како подобро да се осознаете, да одвоите време да се водите себеси, како да развиете поурамнотежена перспектива за да ги разберете сите страни на проблемот, развивање на вистинска самодоверба за да знаете за што ве бива, а за што не, да се опколите со луѓе што се подобри од вас бидејќи не можете сѐ сами и да бидете способни да сфатите дека секој човек е битен, секој човек во тимот. Формирајќи ги овие принципи, почнувате да се водите себеси, а ако можете да се водите себеси, подготвени сте да водите и други – нагласува Крејмер.Тој смета дека во македонската економија има многу енергични луѓе. – Постои ентузијазам за пробив, да станете многу подобро развиен економски мотор, а за да го направите тоа, лидерството мора да има голем удел – додава професорот.-За 10 години Македонија има потенцијал да биде една од најсилните и најживите економски средини во Европа- потенцира Крејмер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top