Поради огромниот интерес кај нас, но и во соседните земји, кој не стивнува ниту по веќе распродадениот концерт најавен во рамки на оф-програмата на „Таксират“, светската атракција „Ту челос“ официјално го потврди и својот втор концерт во Скопје и тоа како специјален гостин на главната вечер на фестивалот „Таксират“! На радост на армијата обожаватели што не успеаја навреме да го резервираа своето место за солистичкиот концерт, маестралните „Ту челос“ и покрај неверојатно исполнетиот распоред, на 7 декември доаѓаат во „Метрополис арена“. Нивната виртуозност е исклучително атрактивна на концертите, како во престижните концертни арени, така и на најголемите музички фестивали ширум светот, а со настапот и на главната вечер на „Таксират“, македонската публика ќе има ретка можност да ги доживее двата извонредни настапа на „Ту челос“, солистичкиот во рамки на оф-програмата и фестивалскиот сет на главната сцена на „Таксират“.
Супергрупата од двајца, „Ту челос“ на Лука Шулиќ и на Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоија целиот свет, со секој свој настап гарантира незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена секаде во светот. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи. Од Нов Зеланд до Америка, 2Cellos се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет и особено се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена.
Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија. Повод за концертите во Скопје е и нивниот нов, трет студиски албум – „Celloverse“ кој го објавија годинава и на кој покрај преработките на светските хитови во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал.
Со приклучувањето на „Ту челос“ во фестивалското финале на „Таксират 2015“, програмата за 7 декември е комплетирана, а покрај нив на големата сцена во „Метрополис арена“ ќе имаме чест да ги пречекаме великаните на музичката авангарда „Лајбах“, шведската пауер/хевиметал атракција „Сабатон“, жестоките Каталонци „Ла пегатина“, култниот хипхоп-состав С.А.Ф. и Тони Китановски со „Литл биг бенд“ и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен „Модстеп“ за затворање на фестивалот.
„Таксират“ е посебен феномен во музичката приказна на Скопје. Скромен и раскошен дел, кој илјадници луѓе од Македонија и целиот регион, веќе 17 години го чуваат како скришно место во градот и секој декември го претвораат во свој музички епицентар.
Од денеска (вторник, 24 ноември) стартува продажбата на билетите со првата цена во претпродажба: 699 денари, која ќе важи само до 1 декември!
По овој датум билетите во претпродажба ќе чинат 899 денари, сѐ до 7 декември, кога на билетарницата пред „Метрополис арена“ ќе важи полната цена: 999 денари. Покрај регуларните влезници, за главната вечер на „Таксират“ достапни се и ВИП-влезниците, кои чинат 2.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст