Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во рамки на посетата на Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел, е интеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза.
Во рамките на посетата тој вчера се сретна со потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.