| четврток, 6 декември 2018 |

Ако имате работа со овој хороскопски знак ќе посакате да избегате на пуст остров (фото)

Да му препуштат нешто на случајот за нив е непозната работа.

maxresdefault1-640x360

Девиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација.  Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.

Перфекционисти

Девиците постојано се во потрага по совршенство и живеат уреден живот. Тие не сакаат да гледаат расфрлани алишта, немиени садови или предмети кои не се на своето место. Нередот тотално „ги вади од колосек“ што некогаш буквално мораат да застанат за момент за да земат здив. Ако ви значи некоја личност родена во овој знак, подобро немојте да им создавате неред.

Вечно загрижени

Девиците се грижат буквално за се. Загрижени се ако некаде задоцнат, ако им загорел оброкот или за сѐ што можеби заборавиле да купат од маркет. Родените во знакот девица се грижат буквално за секој детаљ од нивниот живот, без разлика дали тој е битен или небитен.

Screenshot_1

Односи со семејството и пријателите

Девиците се шармантни, достоинствени и позитивни личности кои убаво се согласуваат со другите луѓе. Тие се добри другари, но им е потребно повеќе време за зближување. Кога еднаш ќе се отворат, веднаш ја добиваат почитта, лојалноста и посветеноста од своите пријатели.

Негативна особина им е нивното вмешување во туѓите проблеми. Пријателите и членовите на семејството може да се почувствуваат како девицата да сака да им го контролира животот. Но оние кои вистински ги познаваат, набрзо сфаќаат дека девицата сака да ги анализира луѓето, со цел да им помогне да си ги решат проблемите.
.

На љубовен план

Девиците се најчесто привлечни луѓе, но тие не се баш свесни за својата сексапилност. И кога станува збор за љубовта, тие размислуваат логично и сакаат да опипаат дали вреди да се трудат околу некоја врска, пред да им се препуштат на чувствата. Лесно е да се вљубите во некоја девица поради нејзината рамнодушна и кул појава. Да убедите девица дека вие сте вистинскиот избор за неа е навистина успех, бидејќи родените во овој знак се во вечна потрага по совршен партнер. Само доколку успеат да сфатат дека љубовта е несовршена категорија, девиците ќе ја пронајдат својата среќа. Тие сакаат испланирани состаноци – ништо да не е спонтано. Срамежливи се и се секираат што ќе се случи на љубовниот состанок или за што ќе се прави муабет. Додека врската се уште не е сериозна, тие не сакаат да им поставувате премногу прашања.
_sp-devica-karakter-i-osobine

Женските девици во љубовта

Припадничките на понежниот пол, кои се родени во знакот девица се тивки и резервирани и кај мажите оставаат впечаток дека глумат недостижни, но тие всушност само си даваат повеќе време за да ги анализираат и сумираат фактите и чувствата, пред да се впуштат во нешто сериозно. На тој начин, тие спречуваат да бидат повредени. Ако решат да бидат во сериозна врска, тие се лојални и посветени на својот партнер. Женските припаднички родени во знакот девица се вистинскиот љубовен избор за оние мажи на кои им се допаѓаат старомодни девојки кои сакаат да „одат пополека“.

Машките девици во љубовта

Мажите родени во знакот девица изгледаат студено однадвор, но во суштина се многу добродушни. Ним им е потребна партнерка со многу трпение, која сака да живее предвидлив живот и ќе има желба да почека додека девицата да одлучи дека е „време да се врзе“. Машките девици не се многу романтични луѓе, но затоа пак се многу искрени, наклонети и лојални кон својот партнер. Тие се совршен избор за оние девојки кои сакаат стабилна и цврста врска, со верен партнер.

devca

Донесувањето одлуки

Некои луѓе мислат дека девиците се неодлучни или дека не умеат да донесуваат одлуки, но тие всушност сакаат убаво да ги „измерат“ работите пред да го направат изборот. Тие се одлични во решавањето проблеми, бидејќи ги одвојуваат сите елементи од конкретната ситуација, ги анализираат секој засебно и потоа повторно ги спојуваат, со цел да донесат вистинска одлука. Рационалното размислување на девиците, обично ги фрустрира другите луѓе.
_sp-horoskop-devica-i-prijateljstvo

Домот и кариерата

Девиците се организирани во умот, но не се заинтересирани да го трошат своето време размислувајќи како да си го уредат домот. Најбитно им е да биде чисто, а другото може и да почека.

Во поглед на кариерата, девиците се одлични работници, бидејќи се многу трудољубиви и даваат се од себе за да го прошират своето знаење и да ги усовршат своите вештини.

  • Најдобри работни позиции според карактерните особини на девиците се:научен истражувач, инспектор, полицаец, лингвист или сметководител.
  • Омилени бои: преферираат сина, зелена и темно кафена боја, а избегнуваат светли и пастелни бои.
  • Среќен ден од седмицата: среда
  • Девиците најмногу си одговараат со: шкорпија, јарец, бик, рак.
  • Животно мото на девиците: да им помагаат на другите луѓе.

devica-655x310

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top