Најмладата публика по третпат ќе ужива во магијата на театарските претстави со сенки на 3. Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“, кој почнува денеска и ќе трае до 25 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
Круме Стефановски, основоположникот на театарската група „Сенки и облаци“, изрази надеж дека програмата на фестивалот ќе понуди разни видови театар на сенки, начини на игра и начин на пренесување на приказната до публиката.
На првиот ден на фестивалот ќе биде изведена претставата „Танцот на рацете“ на театарот „Сомбрас Чинас“ од Шпанија, спектакл кој мистично раскажува приказни одиграни со сенки од раце. Публиката на вториот ден премиерно ќе има можност да ја проследи претставата „Нашиот штрк Силјан“, на театарот „Сенки и облаци“ од Македонија. Претставата е работена според народната приказна за Силјан штркот и зборува за одговорноста, работливоста и љубовта на Силјан кон своите најблиски во миговите на искушение.
Последниот ден од програмата на фестивалот ќе бидат изведени претставите „Волкот и трите прасиња“, на американскиот театар „Фајрфлај шедоу тиатр“ и „Новогодишната ноќ на едно девојчe“, на српскиот театар „Ле Студио“.
Кетерина Стефановска, еден од организаторите на фестивалот, нагласи дека програмата содржи и нови активности како работилници, изложба на ламби и презентација на фигури. На првиот ден е предвидена работилница за сенки со раце, раководена од Валериа Гуглиети, на која актерката само со движење на рацете и прстите на платно ќе презентира разни фигури, ликови и форми. На вториот ден е предвидена презентација на фигури за театар на сенки од Индија, Кина, Тајланд, Турција и од Индонезија на гостинка од Америка, Андреа Каспери.
– Оваа година се фокусираме на изложба на ламби со сенки. Пред еден месец имавме повик за уметници што ќе изработат лампи кои ќе бидат во функција на сенките. Производите од соработката ќе бидат изложени за време на фестивалот, а доколку некој изрази желба тие ќе бидат и продажни – рече Стефановска.
Организатор на фестивалот е „Сенки и облаци“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Македонија, Градот Скопје и Младинскиот Културен Центар во Скопје.
Билетите може да се набават на билетарницата на МКЦ по цена од 120 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст