| четврток, 6 декември 2018 |

Современиот балет „14 часа“ гостува во Битола

Современото балетско дело „14 часа“ во вторник, 24 ноември во 20 часот, ќе биде изведено на во Центарот за култура во Битола.

Балетот „14 часа“ низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк.

Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top