| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа донер-ќебапот во 17 града ширум светот? (фотогалерија)

За ќебапот може да се каже дека е најпопуларно турско јадење на светот, а посебно во Ев ропа, каде што е распострането како улична храна под името донер или донер-ќебап. Станува збор за месо на ражен кое изворно се прави од јагнешко, а се пече на ражен поставен во вертикална положба.

Основен метод  за правење донер е месото да се сече на тенки паричиња, се маринира и се реди на ражен кој стои исправен. На неколку слоеви се става лој, па маснотијата се слева низ раженот при повисока температура.

Иако автентичниот донер се прави од јагнешко, во многу делови од Турција се користи пилешко, говедско или комбинација од јагнешко и говедско месо. Се служи со салата, домат, кромид, краставици или зелка, а сосовите кои се додаваат се главно бели, од јогурт и лук или некој млечен сос кој содржи билки. Често се служи со помфрит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top