Поранешниот шеф на македонското воено разузнавање, Горан Софески, утрово е пронајден мртов во атарот на кичевското село Раштани каде што се упатил на лов.
Според првичните и сѐ уште неофицијални информации, телото го пронашле случајни минувачи. Местото се наоѓало на пет километри од градот Кичево.
Полицијата официјално соопштува дека вчера лицето Г.С. (44) било пријавено како исчезнато во полициската станица во Кичево од негови роднини. Ја потврдуваат и информацијата дека едно лице е пронајдено мртво во атарот на селото Раштани, но не се соопштува неговиот идентитет.
На терен се полициски екипи и јавен обвинител кој врши увид, а подоцна ќе бидат познати причините за смртта на Софески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.