| четврток, 6 декември 2018 |

Американските специјални сили наскоро пристигнуваат во Сирија

Десетина припадници на американските сили за специјални операции наскоро ќе пристигнат во Сирија.

Philippine and US troops  during  war exercise

– Многу брзо ќе дојдат – изјавил Брет Мекгарк, специјален пратеник на Обама на меѓународната коалиција, која ги бомбардира положбите на ИД во Сирија и Ирак.

Мекгарк во емисијата „Фејс д нејшн“ на„ Си-Би-Ес“ рекла дека силите ќе имаат задача да ги организираат локалните сили кои се борат против борците на ИД на северот на Сирија.

На крајот на октомври Обама одобри дека групата, која нема да брои повеќе од 50 специјалци, ќе биде распоредена во Сирија. Тие нема да учествуваат во борбите, туку ќе имаат улога на советници да помогнат во координацијата на локалните сили.

Тоа ќе биде прво официјално распоредување на американски сили на терен во Сирија од формираната меѓународна коалиција против ИД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top