Британскиот „Дејли телеграф“ пишува дека 36-годишниот Метју, чие презиме не е наведено, бегал колку што го држеле нозете кога терористите со украдените авиони ги погодиле Кулите близначки. Сега на медиумите им раскажал дека извлекол жива глава и во „Батаклан“, каде тројца џихадисти убија 89 лица.
Метју бил во публиката присутна на концертот на калифорнискиот бенд „Иглс оф дед метал“, кога вооружени напаѓачи упаднале и почнале да пукаат по луѓето. Тој вели дека веднаш препознал дека се работи за истрели од огнено оружје, и трчал кон излезот.
-Можеби тоа е дел од мојата американска култура – вели Метју.
Вели дека еден од куршумите го погодил, но сепак успеал да отползи кон излезот, вртејќи се често назад за да види дали напаѓачите повторно ги наполниле своите пушки „калашников“.
-Одев нанапред сантиметар по сантиметар. Во еден момент видов дека излезната врата ми е на дофат на рацете. Успеав да ја отворам вратата со едниот прст, потоа и со другиот – раскажува Метју.
Кога некако успеал да излезе надвор, од изнемоштеност се онесвестил на тротоарот. Овде веднаш му помогнал Даниел Псени, новинар на парискиот весник „Монд“ и уште еден човек облечен во црно.
Ова било вторпат Метју да се спасува од терористи. На 11 септември 2001 година се наоѓал на приземјето на Кулите близначки и излегол на разговор за нова работа, кога авионот на „Јунајтед ерлајнс“ удрил во една од зградите.
– Трчав колку што можам побрзо преку половина Менхетн. Но, она низ што поминав во Батаклан беше илјадапати полошо – вели Метју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож



