| четврток, 6 декември 2018 |

Нова драма во Брисел: Полицијата ги растерала граѓаните од ресторан, хотелот „Радисон блу“ е заклучен, а хеликоптери го надлетуваат градот

Белгиската полиција  објави дека се почнати неколку операции во Брисел врзани за терористичката закана, рекол портпаролот на полицијата најавувајќи прес конференција откако се ќе заврши.

– Ги молиме медиумите што помалку да известуваат за полициските акции, особено да не се споменуваат местата на акцијата, рече тој.

На улиците се распоредени тешко вооружени полицајци и војници, а градот го налдетуваат хеликоптери.

Новинарот на RTL-Себастијан Росенфелд објави дека полицијата го оградила подрачјето околу улицата Rue du Midi., а еден сведик рече дека се наоѓал во ресторан кога влегла полицијата и им рекла да ги завршат оброците и групирајќи се да го чекаат сигналот за да ја напуштат просторијата.

Дека нешто се случува во главниот град на Белгија покажуваат и драматичните твитови на новинарот на каналот ITN Стјуард Веб кој се наоѓа во хотелот „Радисон блу“ каде влегле вооружени полицајци и го заклучиле.

– Изгледа  дека нешто се случува. Војниците ставија кациги на глава и влетаа во лобито. Љубезно им порачаа на вработените на рецепција да ја заклучат вратата од хотелот и нокого да не пуштаат надвор, напиша Веб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top