| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва почна голема операција во Брисел откако добиле информации за „општа закана“ (галерија)

Белгиските безбедносни сили вечерва почнале голема операција во областа на главниот плоштад во Брисел, Гран плас, објавуваат локалните медиуми, откако добиле информации за „општа закана“.

mkd-228710

Операцијата се спроведува на улицата Ру де Миди, јави РТЛ њуз.

mkd-228711

Сведок што бил во еден од рестораните кај плоштадот рекол дека полицијата им наредила на сите да дојадат и „да чекаат на нивниот сигнал за да се евакуираат“.

mkd-228713

Полицајците им наредиле на жителите што живеат на Ру де Миди да ги затворат прозорците. Безбедносните сили ги блокирале улицата и уличките што водат кон неа.

mkd-228714

Во меѓувреме, некои локални медиуми објавија дека хотелот „Радисон блу“ во Брисел е затворен поради терористичка закана.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top