| четврток, 6 декември 2018 |

Христијанскиот поглавар на Сирија го „запали“ светот со изјавата: Запад ги наоружа исламистичките групи, не предадовте-вие сакате војна!

Во интервју за „Ле Месажер“ (Le Messager), поглаварот на Католичната црква во Сирија, односно сирско-католичкиот патријарх Игнациј Јосип III Јунан, јавно ги обвини западните влади за измама и бритално предавство на христијаните на Блискиот исток, како што и јавно застана во одбрана на Асад велејчи дека  сите поглавари на христијанските цркви  им велеа на западните влади дека Сирија не е Египет и Ирак и да не го чепкаат Асад туку да се пресметаат со терористите. Но, овие само одговарале дека власта на Асад мора да падне и дека ќе падне за некој месец.

Патријархот вели дека тоа не се случило, како што и предвидел, туку стотина илјади невини луѓе страдаа, се разбегаа и останаа во гола борба за живот.

-Западните земји со години работеа против Сирија и предизвикаа целосно уништување на инфраструктурата, уништување на градовите, селата, домовите, спомениците на културата и тоа се под плаштот на некаква демократија. Западните политичари, особено Американци, Британци и Французи се однесуваат како да стакаат трен судир и војна во Сирија и Ирак, а западните медиуми се докажаа како лажни, кукавички и прострасни во поглед на голата вистина, неспособни да ја бранат вистината и правдата. Запад не предаде и не остави на милост и немилост на терористите, откако добро ги вооружија исламистичките групи, вели поглаварот.

-Ние христијаните не сме во можност да живееме во тој хаос кој го произведува полицијата, вооружените банди, терористичките групи и исламските партии, нагласува патријархот кој објасни како запад ја превртува стварноста:

-Кога сите ние имавме цврст став против оние ужасни појави, тој ист запад не прогласуваше за диктатори. Како што вели Поглаварот политиката која оди против здравиот разум како закана против сиријските христијани успешно е имплементирана под светлото на демократијата. Запад намерно не предаде, вели патријархот и ја раскринка западната врхушка која сите овие години молчешкум го набљудува буквално истребувањето на христијаните од Бликсиот исток, истовремено мачкајќи очи со медиумска пропаганда за некаква демократија која ги убива луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top