Сообраќајната несреќа се случила денеска, околу 15 часот, во скопската населба Автокоманда, во која се повредени двајца возачи.
Според СВР Скопје, во несреќата учествувале три возила (на фотографијата не се гледа третото), и тоа, „опел вектра“, „БМБ Х6“ и камион на АРМ. Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „16 Ударна бригада“. Повредени се возачите што управувале со „опел“ и со „БМВ“. Биле пренесени во Градската болница. Двајцата се надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.