| четврток, 6 декември 2018 |

Од кого се штити Ременски – бара обезбедување иако законски не и следува

frosina-remenski-740

Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременска побарала службено обезбедување иако не и следува. Таа се повикува на член од законот кој не пропишува обезбедување за министерот за труд и социјална политика, со што повторно се доведува до прашање нејзината некомпетентност за функцијата која ја извршува.
obezbeduvanje_thumb_medium500_666

Согласно Уредбата за објектите и личностите што се обезбедуваат, видовите на мерки, активности и степени на обезбедување, во член 4 се наведени личности кои се на високи позииции во државата, односно лично обезбедување им следува на Претседателот на Државата, на Претседателот на Собрание, на Претседателот на Владата, Министрите за внатрешни работи, одбрана, правда, но не и на Министерот за труд и социјална политика.

Никогаш на Министерот за труд и социјална политика не му следело полициско обезбедување. Дополнително, ниту еден министер за труд и социјална политика претходно не користел службено обезбедување.

Претходно постави надворешно лице кое е партиски војник на СДСМ и кое сега може да има пристап до личните податоци на примателите на социјална помош, социјално загрозените, пензионерите и сите останати граѓани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top