| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Овој датум е почит кон целокупната албанска заедница во Република Македонија

akt165-gruevski-740x320

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија по повод Денот на албанската азбука.

– Културните особености за секој народ се од големо значење за сопствената идентификација. Живеејќи во време на глобализација и современа цивилизација никогаш не треба да ги заборавиме културните зачетоци без кои човештвото не ќе ги доживееше своите достигнувања. Еден од тие зачетоци е и создавањето на писмото како еден од најскапоцените дарови на човечката интенција за побрз развој и што поголеми остварувања, се вели во честитката.

Од тој аспект, како што е наведено, создавањето на албанската азбука е еден од значајните културолошки дострели на албанскиот народ и сосема оправдано е дел од одбележувањето битни датуми за нашата држава и за нашите граѓани.

– Почитувањето на овој датум е почит кон целокупната албанска заедница во Република Македонија, а почитта е главниот чувар и стожер на нашето општество и нашата заедничка иднина. Да го чуваме и негуваме како што му доликува на едно современо општество каде коегзистираат различни националности и различни етникуми. Да се држиме заедно и да бидеме пример како заеднички се работи за доброто на нашата држава, за доброто на нашите граѓани, за еден поубав, поквалитетен и посреќен живот во секој дел од Република Македонија, стои во честитката на премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top