Мигрантите очекуваат дека ќе ја поминат македонската граница. Тие вчера цел ден скандира со плакати и со крстот кој го направија од даски, повикувајќи ја Меркел да им дозволи да живеат слободен живот.
Пред транзитниот центар пак стојат редици на бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак и палат огнови од дрвцата кои ги кршат од околните ниви да се стоплат додека чекаат регистрација.
Во текот на вчерашниот ден било тензично на грчката страна. Еден од мигрантите се заканил дека ќе се самоубие доколку не му биде дозволено да транзитира низ овој простор.
фото: Ѓ.Личовски (РЕПУБЛИКА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти