Лепа Брена и Боба Живојиновиќ вчера го прославија светиот Архангел Михаил во својот дом во Бежаниска коса и во друштво на семејството, родните и пријателите.
Живојиновиќи како и минатите години, подготвија богата трпеза со разновидни специјалитети и квалитетен пијалок, а по вечерата гостите и домаќините, според традицијата запеале и заиграл.
Годинава нивниот најмлад дин Виктор Живојинович решил да ги засука ракавите и да помогне околу спремањето на трпезата. Папараците го уловија со кецела во дворот од семејната куќа. Им рекол дека последните години тој и Боба биле задолжени за подготвувањето на славската трпеза, а помагала и Брена.
-Славата ја славиме секоја година и тој ден сите сме присутни со роднините и пријателите. Тато и јас најмногу сме задолжени околу спремањето на храната. И мама е ангажирана, но ние сме главни, вели Виктор.
На славата синоќа дошле многу познати, меѓу кои и Саша Поповиќ со сопругата Сузана Јовановиќ, Соња Вуксановиќ со ќерката Софија, Млаѓан Динкиќ со сопругата, Милутин Мркоњиќ и Ана Бекута, Филип и Мадлена Цептер, Петар Матиќ, Бане Обрадовиќ со сопругата, Сања Ѓорѓевиќ со ќерката Ивана…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.