Меѓународното здружение за ендокринолози откри дека конзумирање на овој суплемент може да го подобри ефектот на вежбање и го намали ризикот за продолжување на срцевите заболувања.
Витаминот Д кој во исто време е и витамин и хормон, помага во контролата на нивото на калциум и фосфат во крвта, а важен е и за здравјето на коските и забите. Во природната форма овој витамин може да се најде во рибите и јајцата, но по овој пат тешко е да се внесат доволни количини. Голем број на луѓе витаминот Д го обезбедуваат по пат на УВ зраците од сончевата светлина.
Претходните студии покажаа дека витаминот Д го блокира делувањето на ензимот 11b-hidroksisteroid dehidrogenaza, кој е задолжен за лачење на хормонот на стрес-кортизол. Високото ниво на кортизол го зголемува крвниот притисок ограничувајќи ги функциите на артериите, стеснувајќи ги крвните садови и стимулирајќи ги бубрезите да ја задржуваат водата. Витаминот Д го редуцира нивото на кортизол, па така теоретски ги поправа нашите физички способности и го намалува факторот ризик од кардиоваскуларните болести.
Во таа студија која ја објавија истражувачите од Универзитетот Квин Елизабет во Единбург, испитани се 13 возрасни луѓе, поделени по старост и тежина. На едната група давани се 50 iu единици на витаминот Д, а на другите лек за плацебо ефектот.
Групата луѓе кои земале витамин Д имала низок крвен притисок во споредба со оние кои земале плацебо. Исто така, забележано е дека е намалено и нивото на кортизол во нивната урина.
Фитнес тестот отки дека првата група по земањето на витаминиот Д покажала помали знаци на физички замор и дека возењето велосипед 20 минути во оддалеченост од 6,5 километри, што е голем напредок ако имаме предвид дека пред земањето витамин Д можеле да возат пет километри.
Голем број луѓе низ целиот свет имаат проблем со дефицитот на витамин Д. Во просек, една од десет лица го имаат овој дефицит во текот на летото, а во текот на зимата две до пет лица се соочуваат со недостаток на овој витамин.
Недостаток на овој важен витамин се поврзува со инсулинска отпорност, дијабетес, реуматоиден артритис и различни форми на канцер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.