Ирачките безбедносни сили успеале да спречат масовен напад на Исламска држава откако пронашле и неутрализирале 18 кукли за деца наполнети со експлозив.
Куклите се пронајдени во североисточното предградие на Багдад, а цел на нападите биле шиитите, кои набрзо треба да тргнат на аџалик.
Планот на џихадистите бил да ги распоредат куклите долж патот од Багдад до Кербала, по кој поминуваат милиони шиити за време на аџилакот.
Ирачките власти апелираат до граѓаните да пријават какви било сомнителни објекти на кои ќе наидат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.