Масовна евакуација се одвива во центарот на Лондон, на улицата во Блекфрајерс поради полициска операција.
Полицијата во Лондон денеска целосно ја блокира улицата Блекфрајарс, во јужниот дел на градот, откако било запрено комбе и биле уапсени тројца мажи.
Лондонската полиција не соопшти детали зошто комбето е запрено, но сообраќајот и понатаму е блокиран. На местото на инцидентот се наоѓаат најмалку едно амбулантно возило, а подрачјето го надлетува полициски хеликоптер.
Полициската акција во Лондон уследи откако денеска Брисел е речиси целосно блокиран поради терористички закани.
Во главниот град на Белгија во сила е највисоко ниво на опасност од терористички напади, една недела по терористичките напади во Париз, каде загинаа 130 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре