| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија оштетена на детскиот Евросонг

На вчерашната генерална проба на Детскиот евросонг кој се одржува во Софија, која воедно е и одлучувачка, т.е е официјален настап на кој жири комисијата ги дели своите гласови кон настапувачите, Македонија за жал технички беше оштетена.

Станува збор за технички проблем, т.е едниот од двата микрофони на Ивана и Магдалена не проработи. Поради тоа на нашите претставнички им било дозволено да настапат повторно на крајот од пробата, но сепак гласовите веќе беа дадени и пресметани.

Сепак, ваквиот гаф кој прави голем неспокој и вознемиреност и кај многу поискусните изведувачи,кај Ивана и Магдалена, по првичниот шок, не делуваше негативно, па девојките се вратија на сцената и ја имаа досега најдобрата изведба.

Токму затоа на денешниот настап, на кој Македонија ќе настапи со редниот број 9 ќе биде потребна голема подршка од нашите фанови надвор од границите и македонските ширум, бидејќи само тие ќе имаат можност да гласаат по смс за нашите Ивана и Магдалена.

Главен медиумски спонзор и покровител на Детската Евровизија е Македонската Радио Телевизија, а пренесот на истата започнува во 19:30 минути на првиот програмски сервис – МРТ1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top