| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен планот на терористите – во Брисел се планирал напад како оној во Париз

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека подигнувањето на степенот на готовност на највиско ниво е поврзано со можноста од атентати на повеќе места, слично како во Париз.

По состанокот во саботата Мишел изјави дека поради заканите од терористички напади безбедноста е крената на 4. степен.

Потенцијали цели се трговските центри, јавениот превоз и концертите.

Во Брисел не работи метрото, а сите настани се откажани.

Белгијската Влада ги повикува сите граѓани да не паничат, да не шират гласини и да им веруваат само на официјалните информации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top