| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на „Фејсбук“ ќе земе породилно отсуство

Сопственикот и основач на социјалната мрежа „фејсбук“ Марк Цукерберг објави дека има намера да земе два месеца породилно отсуство за неговото прво дете.

– Истражувањата покажале дека кога вработените родители ќе земат време да бидат со своето семејство, со новороденчето, резултатите се подобри и за децата и за семејството – вели Цукерберг.

Фејсбук им овозможува на своите вработени во САД да имаат четири месеци платено породилно отсуство кое може да го распределат во една година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top