Разузнавачката служба идентификуваше над 3,5 илјади луѓе од 80 региони на Руската федерација кои учествувале во финансирање на тероризам. Од јануари до крајот на август 2015 година се откриени трансакции во вкупна вредност од околу 300 милиони рубли.
Според податоците на федералниот завод за финансиски мониторинг (Росфинмониторниг), во 2013 и 2014 година 3,5 илјади Руси им испратиле пари на терористички групи. Оваа година безбедносните служби регистрирале финансирање на „Исламската држава“ во износ од 300 милиони рубли,
пишува „Взгљад”.
Современ тренд на финансирање на терористички и екстремистички активности е таканаречениот „краудфандинг“ (crowdfunding), односно масовно прибирање средства по пат на интернет во вид на донации.
– Таквите шеми за финансирање на терористичките активности се попристапни не само за терористите, туку и за донаторите – радикално ориентирани граѓани кои порано немале можност да им дадат финансиска помош на терористичките организации, а не се поврзани со нив“ – вели извор од финансиското разузнавање.
Така во 2014 година е идентификуван руски државјанин кој на интернет под псевдонимот Бугарски Салман регрутирал луѓе да учествуваат во вооружениот судир во Сирија со објавување огласи за собирање средства на банкарска сметка. Според информациите, тој порано учествувал во вооружениот судир во Авганистан, издржувал казна во затворот во Гвантанамо на Куна и е следен поради вмешаност во пружање финансиска помош на припадници на илегални вооружени групи.
извор/руска реч
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.