| четврток, 6 декември 2018 |

Антитерористичка вежба на безбедносните сили во Србија предизвика паника кај јавноста (фото)

Веста објавена на српскиот портал Ало.рс предизвика паника кај граѓаните  поради насловот кој  гласеше: „Терористи во Белград киднапирале авион полн студенти!“.

13_1000x0

Светската јавност со денови чита детали околу терористичкиот напад во Париз, како и оној кој се случи во наша непосредна средина поточно во Босна и Херцеговина кога се убиени двајца припадници на воените сили, а  деновиве бројни се и вестите  кои се поврзани со разни терористички делувања во светот.

Screenshot_2

Веста која предизвика паника во Србија ја објави порталот Ало кој наместо да појасни дека станува збор за антитеростичка вежба „Штит“ која има за цел да ја покаже подготвеноста на реагирање во вонредни ситуации, особено кога се во прашање заложничките кризи  беше објавена со наслов кој предизвика паника кај народот.

Во текстот во кој дури на крај се разјаснува за што всушност станува збор се наведува дека тројца вооружени терористи вчера за време на лет киднапирале авион полн со белградски студенти и патници.

Screenshot_3

На крајот на веста стои изјавата на Биљана Ивковиќ, шефот на бирото на МВР на Србија: Сакаме да ја покажеме подготвеноста  и спремноста на нашите безбедносни сили во решавање на  заложнички кризи. Повеќе од 500 припадници на МВР, војската и БИА учествуваат во ваквите вежби. Специфично е тоа што  никогаш до сега не се случиле вежби од овој тип ги направат сите безбедносни сили. Вежбата треба да покаже дека Србија е подготвена да ја одбрани својата територија и своите граѓани.

Screenshot_4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top