Кинеската фудбалска федерација поднесе жалба за непризнат гол на светските квалификации во Хонг Конг. Жалбата на кинезите до Азиската фудбалска конфедерација, сепак е со мали шанси да биде прифатена, забележува агенцијата Синхуа.
Видео повторувањата покажаа дека топката ја поминува гол линијата во 77-та минута по удар на Ју Дабао, за време на натпреварот Кина – Хонг Конг, кој заврши 0: 0.
Австралискиот судија Штребре Деловски не го призна погодокот, а технологијата на гол линијата не се користи во светските квалификации.
Нерешениот резултат на стадионот „Мон Кок“, стави крај на шансите на двата тима за пласман на СП 2018 во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



