| четврток, 6 декември 2018 |

Нов конкурс за 2905 студентски стипендии, износите повисоки за 10%

До 27-ми овој месец студентите ќе може да аплицираат за стипендии кои се повисоки за 10 отсто.

diploma

-Владата согласно програмата за работа и програмата на Министерството за образование и наука објави нов оглас за стипендирање на студенти или оглас за студентски стипендии. Оваа година објавени се 2905 и согласно одлуката на Владата од мај месец износите на овие стипендии се покачени за 10 проценти. Стипендиите се поделени во 4 категории, истакна замненик министерот Спиро Ристовски.

Првата категорија се стипендии наменети за студенти од социјалните категории, со тоа што предност ќе имаат децата на самохрани родители, децата без родители и студентите со посебни потреби. Ќе се доделат 1500 стипендии во износ од 3.300 денари.

Втората група се стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, а кои се запишани на техничките и медицинските науки и на факултетите за уметност. По овој основ се доделуваат 630 стипендии во висина од 4.400 денари месечно.

Во третата категорија се 125 стипендии во износ од 6.050 денари кои се доделуваат за студенти кои студираат на информатичките факултети и постигнале особено висок успех во учењето, најмалку 9,00 просек.

Во четвртата категорија спаѓаат студентите запишани на природно- математичките , техничко- технолошките, биотехничките или медицинските науки, кои постигнале просечен успех. За овие студенти ќе бидат доделени 650 стипендии во висина од 3.300 денари.

Ристовски упати апел до сите заинтересирани студенти да аплицираат за да ги искористат можностите.

Рокот за електронска апликација е до 27 овој месец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top