| четврток, 6 декември 2018 |

Секс совети за мажи од искусни бисексуални жени

Beautiful woman

Многу мажи сметаат дека знаат се за женското тело и задоволство, а празнините ги пополнуваат со порно и машки разговори.

Но, вистината е дека најголем експерт за женската анатомија и оргазам се бисексуалните жени. Тие самите испорачуваат задоволство на другите претставнички од својот пол, како и истражуваат и на кој начин им делуваат машките милувања.

Затоа неколку дами смело одлучија да ги посоветуваат претставниците на посилниот пол за тоа како да се справат најдобро во кревет:

Нема правило за женскиот оргазам

Може да сте прочитале десетици материјали за она што ги возбудува, но секоја жена е единствена и не може да биде потчинета на неколку научни или уметнички описи. Подобро експериментирајте, зборувајте отворено и нека таа да ви поткаже како да ја задоволите.

Гледајте порно колку сакате, но не учете движења од него

Сексот треба да се базира на заемно задоволство. Сите знаеме дека во порно женските оргазми се симулација и се се врти околу тоа мажот да заврши. Односно – фокусот е на неговото задоволство. Често предиграта и оралните бакнежи, насочени кон жените, се незадоволителни, а грубото влечење и тресењето не се манири за повеќето жени и наместо радост, им носи болка.

Посветете внимание на врската со градите

Иако мажите знаат дека градите се ерогена зона, тие продолжуваат да им испуштаат помалку внимание. Или, поаѓајќи од горната точка, да ги третираат како балони со вода, кои можат да ги стискаат со која сила сакаат. Женските гради треба да се третираат со нежност. За да ги возбудите, користете не само прсти, туку и јазик и менувајте го интензитетот на притисокот врз нив.

Половиот орган е најсилното оружје, но тој не учествува во сите “битки”

Сексот не е само пенетрација. А, и да бидеме искрени, овој дел од него не трае доволно долго (кај дел од мажите), за да задоволи една жена и да и донесе оргазам. Загревањето, предиграта и оралните бакнежи се многу важни компоненти, за да може таа да се наслади на вистинскиот дел на актот и да посака повторување. Допирајте ја нежно, дразнете ја, зборувајте и немирно, обожувајте ја со уста и прсти, и само тогаш покажете ѝ ги тајните движења.

Не престанувајте да ѝ кажувате со зборови колку ви се допаѓа нејзиното тело 

Жените сакаат со ушите, сте слушнале стотици пати, нели? За да ја натерате да се опушти и да биде поактивна во креветот, таа има потреба да слуша колку ја сакате и колку секси ја сметате. Комплиментите делуваат како афродизијак на дамите и ништо чудно таа да ослободи лавица во себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top