По последната акција на СВР Тетово вчера, за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, откриени и депортирани се 25 лица.
Од СВР Тетово информираат дека вчерашната акција била реализирана на подрачјата на Гостивар, Чегране и Галате, а на различни места затекнати и приведени се 25 албански државјани на возраст од 20 до 48 година, најмногу од градовите Дибр и Либражд, Република Албанија.
– Најголемиот број од нив воопшто не го пријавиле својот престој, не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во нашата земја. По нивното приведување и неколкучасовно задржување, албанските државјани предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија- изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Лицата, главно економски мигранти, јави дописникот на МИА од Гостивар, доцна синоќа преку граничниот премин Блато депортирани се во нивната матична земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија